Црвен тенис

ШТО Е ЦРВЕН ТЕНИС?
 
Црвен тенис е станица во тениската едукација на децата од I и II одд. каде се користи специјализирана опрема и програма со цел да се олесни и доближи тениската игра на децата од таа возраст.
 
Програмски цели – играње со соодветни тениски реквизити и развој на општа координација, забава, совладување на тениски игри и задачи, развој на основни тениски елементи низ игра и забава како и стекнување другарчиња.
 
Димензија на полиња – вкупна должина на црвен мини терен: 8 – 11 метри.
Широчина на црвен мини тенис терен: 5 – 6 метри.
 
Висина на мрежа – монтажна мини тенис мрежа: 50 - 80 cm висока.
Поставување на конуси, маркери или јажиња во функција на прежа, соодветна за висината на децата од оваа станица.
 
Топки – црвени топки или топки со црвена точка. Топките во црвен  - тенис се со 75% помал притисок од нормалните топки што придонесува за понизок отскок, поголема контрола, лесен контакт при изведба на тениските удари и поголема забава на децата.
 
Тениски рекети – црвен тенис рекет: 43 – 58 cm.
 
Тип на тренинзи – комбинирани индивидуални и групни тренинзи
 
Натпревари – клубски натпревари / индивидуални и екипни. Меѓу – клубски натпревари / екипни. Национални натпревари / индивидуални и екипни.
 
Диплома – диплома за успешно совладана станица – црвен тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во црвен тенис.
Селекција на талентирани, успешни, редовни, ангажирани и дисциплинирани деца.
Црвен тенис 1
Тениски едукација: