IV - ниво (зелен тенис)

Зелен тенис- за деца од петто и шесто одд.

Програмски цели
Развој на тактиката во играта,распознавање на сопствените грешки и слабостите на противникот,развој на тениската геометрија и способноста тениското топчето да се упатува што е можно подалеку од противникот во рамките на тениското поле.

Димензија на полиња
Стандардна димензија на тениски терен

Висина на мрежа
Нормална тенис мрежа : 91 см. висока.
Изведба на едно поле на цела мрежа.

Топки
Зелeно-жолти топки или жолти топки со зелена точка.
Топките во зелен тенис се со 25% помал притисок што придонесува за сличен осет со нормалните топки, а сепак овозможуваат полесна изведба на тениските удари,поголема контрола и поголема забава на децата.

Предвиден фонд на тренинзи за зелен тенис
Десет циклуси од 10-часа / неделно 2-3 часа
Вкупно 100 часа.                          
Месечни клубски натпревари   

Натпревари
Клубски  натпревари  /  индивидуални  и  екипни.
Меѓу-клубски натпревари / екипни.
Национални натпревари / индивидуални и екипни.

Дипломи
Диплома за успешно совладана станица – зелен тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во зелен тенис.

Зелени тенис рекети
Зелен тенис рекет 63-68 см

Заштита од настанување на повреда при одржување на тениски час
Децата посетители на тениската школа добиваат максимална заштита од страна  на тренерите со претходна обука за заштита од меѓусебно повредување со тениски реквизити на децата како и избегнување на повреди  со користење на соодветна опрема за одредена возраст со што веројатноста за настанување на  повреда се сведува на минимум.

Структура на групите и нивен состав
Тениската настава како и сите додатни активности на клубот има право да ги посетува секој без оглед на расна ,етничка или полова застапеност.
Дискриминацијата  по горе наведените  точки е строго забранета
Групите се формираат исклучиво според возраста и играчкото и моторичкото ниво на одредена особа со што се формираат  компакни групи  за работа.

Селекција на:Талентирани , успешни, редовни, ангажирани,  дисциплини деца.
Школата  врши  селекција на најуспешните  деца гледано од она што го сработиле на часовите и клубските натпревари како и дисциплината, редовноста и ангажираноста на часовите.
Децата кои ќе се истакнат со наведените  особини ќе го преставуваат клубот на меѓу-клубски и национални натпревари во бојата т.е станицата каде што се истакнале.