III - ниво (портокалов тенис)

Протокалов тенис - за деца од трето и четврто одд.

Програмски цели
Запознавање со тениските правила: начин на броење на поени,гемови и сетови, промена на страни при сервирање и ретернирање,запознавање со деловите од тениското поле (сервис полиња,дубл поле,основен простор), запознавање со правилата на дубл игра,право на пауза и промена на страна помеѓу гемови.

Димензија на полиња
Вкупна должина на портокалов тенис терен: 18м
Ширина на портокалов  тенис терен: 6,5 – 8,23м.

Висина на мрежа
Нормална тенис мрежа : 80 – 91 см висока.
Изведба на две еднакви полиња со делење на мрежата на две еднакви половини од по 6,5 м, или едно поле на цела мрежа во зависност од бројот на мечевите и видот на тренинг.

Топки
Портокалово - жолти топки или жолти топки со портокалова точка.Топките во портокалов-тенис се со 50% помал притисок  од нормалните  топки што придонесува за  понизок отскок,поголема контрола ,лесен  контакт при изведба на тениските удари и поголема забава на децата.

Предвиден фонд на тренинзи за портокалов тенис
Десет циклуси од 10-часа / неделно 2-3 часа - Вкупно 100 часа.                          
Месечни клубски натпревари   

Натпревари
Клубски  натпревари  /  индивидуални  и  екипни.
Меѓу-клубски натпревари / екипни.
Национални натпревари / индивидуални и екипни.

Дипломи
Диплома за успешно совладана станица – портокалов тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во портокалов тенис.

Портокалови тениски рекети
Портокалов тенис рекет 58-63 см

Заштита од настанување на повреда при одржување на тениски час
Децата посетители на тениската школа добиваат максимална заштита од страна  на тренерите со претходна обука за заштита од меѓусебно повредување со  тениски реквизити на децата како и избегнување на повреди  со користење на  соодветна опрема за одредена возраст со што веројатноста за настанување на  повреда се сведува на минимум.

Структура на групите и нивен состав
Тениската настава како и сите додатни активности на клубот има право да ги посетува секој без оглед на расна, етничка или полова застапеност.
Дискриминацијата  по горе наведените  точки е строго забранета
Групите се формираат исклучиво според возраста и играчкото и моторичкото ниво на одредена особа со што се формираат  компакни групи  за работа.

Селекција на: Талентирани , успешни, редовни, ангажирани,  дисциплини деца.
Школата  врши  селекција на најуспешните  деца гледано од она што го сработиле на часовите и клубските натпревари како и дисциплината, редовноста и ангажираноста на часовите.
Децата кои ќе се истакнат со наведените  особини ќе го преставуваат клубот на меѓу-клубски и национални натпревари во бојата т.е станицата каде што се истакнале.