II - ниво (црвен тенис)

Црвен тенис - за деца од прво и второ одд.

Програмски цели
Развој на општа координација кај децата,самостојно играње на тениската игра  со самостојно броење на поени,лоцирање на аут удари,развивање на способноста за размена на поголем број удари со едно топче,запознавање со почетните удари во тенисот (сервис и ретрн).

Димензија на полиња
Вкупна должина на црвен мини тенис терен: 8 -11м
Ширина на црвен мини тенис терен: 5 - 6м.

Висина на мрежа
Монтажна мини тенис мрежа : 80 см. висока.
Поставување на конуси,маркери или јажиња во функција на мрежа соодветна за висината на децата  од оваа станица.

Топки
Црвени топки, жолто-црвена топки или жолти топки со црвена точка.
Топките во црвен-тенис се со 75% помал притисок од нормалните топки што придонесува за понизок отскок,поголема контрола ,лесен контакт  при изведба на  тениските удари и поголема забава на децата.

Предвиден фонд на тренинзи за црвен тенис
Десет циклуси од 10-часа / неделно 2-3 часа - Вкупно 100 часа.                          
Месечни клубски натпревари   

Натпревари
Клубски  натпревари  /  индивидуални  и  екипни.
Меѓу-клубски натпревари / екипни.
Национални натпревари / индивидуални и екипни.

Дипломи
Диплома за успешно совладана станица – црвен тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во црвен тенис.

Црвени тениски рекети
Црвен тенис рекет 43-58 см

Заштита од настанување на повреда при одржување на тениски час
Децата посетители на тениската школа добиваат максимална заштита од страна  на тренерите со претходна обука за заштита од меѓусебно повредување со  тениски реквизити на децата како и избегнување на повреди  со користење на  соодветна опрема за одредена возраст со што веројатноста за настанување на  повреда се сведува на минимум.

Структура на групите и нивен состав
Тениската настава како и сите додатни активности на клубот има право да   ги посетува секој без оглед на расна ,етничка или полова застапеност.
Дискриминацијата  по горе наведените  точки е строго забранета
Групите се формираат исклучиво според возраста и играчкото и моторичкото ниво на одредена особа со што се формираат  компакни групи  за работа.

Селекција на: Талентирани , успешни, редовни, ангажирани,  дисциплини деца.
Школата  врши  селекција на најуспешните  деца гледано од она што го сработиле на часовите и клубските натпревари како и дисциплината, редовноста и ангажираноста на часовите.
Децата кои ќе се истакнат со наведените  особини ќе го преставуваат клубот на меѓу-клубски и национални натпревари во бојата т.е станицата каде што се истакнале.