Тениска рекреација (Возрасни)

Програмата на Тенискиот клуб “Леонтиќ” – Скопје предвидува и тениско едуцирање за возрасни.

Интересот за оваа категорија  наречена тенис рекреација е се поголема во изминатитe две години .

Спортисти на различна возраст започнуваат со активно тренирање на тенис. Како и голем број на  родители паралелно со нивните деца активно се вклучени  во тениската  школата па често може да се видат родителите со нивните деца како заедно уживаат во тенискиот спорт.

Во тениската школа членуваат голем број на рекреативци од други земји (Јапонија, Франција, Италија, Јужна Африка, Англија, Америка, Русија, Србија, Холандија, Индонезија, Грција) и од многу други земји - луѓе со привремено престојување во нашата земја.