Портокалов тенис

ШТО Е ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС?

Портокалов тенис е станица во тениската едукација на децата од III и IV одд. каде се користи специјализирана опрема и програма со цел да се олесни и доближи тениската игра на децата од таа возраст.
 
Програмски цели – играње со соодветни тениски реквизити и развој на општа координација, забава, совладување на тениски игри и задачи, развој на основни тениски елементи низ игра и забава како и стекнување другарчиња.
 
Димензија на полиња – вкупна должина на портокалов мини терен: 18 метри.
Широчина на портокалов мини тенис терен: 6,5 – 8,23 метри.
 
Висина на мрежа – нормална тенис мрежа: 80 – 91 cm висока.
Изведба на две еднакви полиња со делење на мрежата на две еднакви половини од по 6,5 m или едно поле на цела мрежа во зависност од бројот на мечевите и видот на тренинг.
 
Топки – портокалови топки или топки со портокалова точка. Топките во портокалов  - тенис се со 50% помал притисок од нормалните топки што придонесува за понизок отскок, поголема контрола, лесен контакт при изведба на тениските удари и поголема забава на децата.
 
Тениски рекети – портокалов тенис рекет: 58 – 63 cm.
 
Тип на тренинзи – комбинација од индивидуални, групни и спаринг тренинзи
 
Натпревари – клубски натпревари / индивидуални и екипни. Меѓу – клубски натпревари / екипни. Национални натпревари / индивидуални и екипни.
 
Диплома – диплома за успешно совладана станица – портокалов тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во портокалов тенис.
Селекција на талентирани, успешни, редовни, ангажирани и дисциплинирани деца.