Тениска занимална

ШТО Е ТЕНИСКА ЗАНИМАЛНА?
 
Тениска занимална е станица во тениската едукација на децата од предшколска возраст каде се користи специјализирана опрема и програма со цел да се олесни и доближи тениската игра на децата од таа возраст.
 
Програмски цели – играње со соодветни тениски реквизити и развој на општа координација, забава, совладување на тениски игри и задачи, развој на основни тениски елементи низ игра и забава како и стекнување другарчиња од тениската занимална.
 
Димензија на полиња – недефинирани димензии со полигон станица за развој на координација кај децата.
 
Висина на мрежа – монтажна мини тенис мрежа : 50 – 80 cm висока.
Поставување на конуси, маркери или јажиња во функција на мрежа, соодветна за висината на децата од оваа станица.
 
Топки – сунѓерасти топки, црвени топки со низок отскок и лесен контакт при изведба на тениски удари и олеснато совладување на задачите.
 
Тениски рекети – занимална рекет: 41 – 43 cm.
 
Тип на тренинзи – групни тренинзи
 
Натпревари – застапени мулти – дисциплинарни натпревари од забавен карактер за развој на натпреварувачкиот дух кај децата и нивна подготовка за наредната станица (црвен тенис).
 
Диплома – диплома за успешно совладана станица – занимална.
Диплома за освоено место на клубско занимална натпревар.
Селекција на талентирани, успешни, редовни, ангажирани и дисциплинирани деца.
Тениска занимална