Историјат

Леонтиќ –Спорт од Скопје е спортска организација која се бави со организирање на тениска едукација и рекреација за деца и возрасни во текот на целата година. Во програмата натпреварувачкиот тенис има многу важна улога и предвидува создавање на врвни натпреварувачи кои ќе го претставуваат клубот во Македонија и надвор.

Исто така Леонтиќ – Спорт од Скопје е спортска организација која се бави и со организирање на летни и зимски мулти спортски кампови, повеќе од 12 години, а на досегашните организирани летни и зимски спортски кампови зедоа учество повеќе од 450 деца од 15 различни земји.