Зелен тенис

ШТО Е ЗЕЛЕН ТЕНИС?

Зелен тенис е станица во тениската едукација на децата од V и VI одд. каде се работи на развојот на тениската тактика и специфичната координација и тениска техника.
 
Димензија на полиња – стандардна димензија на тениски терен.
 
Висина на мрежа – нормална тенис мрежа : 91 cm висока.
Изведба на едно поле на цела мрежа.
 
Топки – зелени топки или жолти топки со зелена точка.
Топките во зелен  - тенис се со 25% помал притисок од нормалните топки што придонесува за сличен осет како со нормалните топки, а сепак овозможуваат полесна изведба на тениските удари, поголема контрола и поголема забава на децата.
 
Тениски рекети – зелен тенис рекет: 63 – 68 cm.
 
Тип на тренинзи – комбинација од индивидуални, групни и спаринг тренинзи
 
Натпревари – клубски натпревари / индивидуални и екипни. Меѓу – клубски натпревари / екипни. Национални натпревари / индивидуални и екипни.
 
Диплома – диплома за успешно совладана станица – зелен тенис.
Диплома за освоено место на клубски натпревар во зелен тенис.
Селекција на талентирани, успешни, редовни, ангажирани и дисциплинирани деца.
 
КОНДИЦИОНИ И ФИТНЕС ТРЕНИНЗИ
Со цел подобрување и забрзување на тениската игра на децата се организираат дополнителни кондициони и фитнес тренинзи за децата во зелен тенис.